Денес без вода ќе бидат овие улици во општина Центар

РЦУК за кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација Скопје, ги известува граѓаните дека најавеното изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од од Ф-80 мм кој беше предвиден за вчера на ул.Дане Крапчев бр.19, ќе се изврши денес. Активностите ќе започнат во 10:00 часот, а со прекинато водоснабдување ќе бидат ул. Дане Крапчев, дел од ул. Дебарца и ул. Славка Недиќ. (Општина Центар)