Голем број улици од Скопје и околината денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска ќе останат: 

- од 08:00 до 10:00 часот, корисниците од улиците: Брсјачка Буна и Пелагонија (општина Шуто Оризари)

-  од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од село Усје (општина Кисела Вода)

- од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од улиците: Пржино и Пандо Кљашев (општина Кисела Вода)

-  од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. бр. 1 во с. Црешево, поточно објектите на патот кон с. Смиљковци (општина Гази Баба)

- од 10:30 до 12:30 часот, корисниците од делови од улиците: Македонско Косовска Бригада и Шуто Оризари (општина Шуто Оризари)

- од 12:30 до 13:30 часот, корисниците од селата: Кучевиште, Побожје, Бродец, Малино, Танушевци и Брест (општина Чучер Сандево).