Поради дефект улица во Чаир ќе биде без вода

ЈП “Водовод и канализација“- Скопје известува дека поради дефект на приклучна цевка на ул. Дижонска 19/1, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Дижонска.

Водоснабдувањето е прекинато од 09:35 часот и ќе трае до завршување со санација на дефектот.