Во овој град пензиноерите ќе добијат по 180 долари за примени две дози вакцина против ковид

Москва ќе ги награди сите жители кои се пензионери, а ќе ја примат руската вакцина „Спутник“, најави денеска градоначалникот на руската престолнина Сергеј Собјанин. 

Тој рече дека секој пензионер ќе добие по 180 долари. 

Московските власти настојуваат да го кренат степенот на имунизација, пренесува ББС. 

Жителите на Москва постари од 65 години за да ја добијат паричната награда ќе мора да ги примат двете дози на вакцината до крајот на годината. 

Во Русија повторно е забележан рекорден број на починати од корона вирус, односно 984 лица ја изгубија борбата со страпната болест.