Инцидент во Москва: Пукал во луѓе поради маски, има и мртви

Најмалку две лица се убиени во Москва во инцидент поради заштитни маски против корона, пренесуваат руските медиуми.

Според медиумите, две лица се мртви, а три се повредени кога вооружен напаѓач пукал во простории на државна институција за издавање на документи.

Напаѓачот е уапсен, а анонимски полициски извори велат дека причината за нападот е носењето на маски. 

-Инцидентот се случил брзо, а никој од вработените во центарот немал време да притисне безбедносен аларм, вели извор за ТАС.

Меѓу повредените има и 10-годишно дете.