Внимавајте: Од зградата на „Технометал“ паѓаат делови, минувачите се во опасност

Што треба да случи кај зградата на поранешен „Технометал“ за институциите да реагираат и да го запрат овој хаос кој предизвикува опасност за минувачите и станарите и го прикажува центарот на Скопје како да преживеал апокалипса, прашуваат од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“.

„Шанса за Центар“ објави дека од зградата на „Технометал“ паѓаат делови, а минувачите се во опасност.

-Повторно од неоградената зграда која е сопственост на фирмата „Буши фешн“ паѓаат делови кои се корнат од објектот. Сите прозорци се искршени, зјаат празни широки и длабоки дупки од кои се откорнати капаците, целиот простор е покриен со исршено стакло и отпад, а тарабите од недоградениот хотел на Бетон се паднати и не вршат никаква функција, велат од граѓанската иницијатива.