Високата смртност од корона во земјава е последица и на здравствената нега, смета експертка од СЗО

Кејти Смолвуд, експетка од СЗО, во интервју за ТВ24 вели дека високата смртност од корона вирус во земјава ја следат во поширок контекст. 

- Да, одбликсу да следиме смтноста од Ковид-19 во Северна Македонија. Од анализите се забележува дека Македонија и другите земји во регионот имаат високи стапки на смрност и тоа го гледаме во поширок контекс. Треба да земе предвид основната ранливост на населението, како изгледаат односите на населението во однос на старосната пирамида, колку меѓу населението има постари луѓе, луѓе со хронични болести...што сето тоа ги прави поранливи на Ковид-19 или на тешка форма на болеста, вели Смолвуд. 

Таа зборуваше и начинот на кој се лекуваат болните од корона вирус. 

-Но, треба да се земе предвид и начинот на кој здравствениот систем доаѓа до ресурси, и клиничката нега и квалитетот на нега кој се пружа, а тоа исто така зависи од неколку работи. Притисокот кој се врши врз здравствените работници кога бројот на случаи е висок и гледаме многу значителни бранови на пренесување во Северна Македонија. Така што има многу повеќе случаи кои завршуваат во болниците. Тогаш квалитетот на негата ќе опадне зошто здравствените работници се под голем притисок, појаснува експертката од СЗО.