Викендов Здравко Чолиќ ќе пее во еден македонски град, влезот е бесплатен

Мега популарната балканската ѕвезда Здравко Чолиќ ќе одржи концерт на јубилејното издание на музичкиот фестивал „Joy fest“, кој ќе се одржи на 27-ми и 28-ми август во Крива Паланка.

Чолиќ на концертот доаѓа со речиси цела продукција, над 40 луѓе.

Концертот ќе се одржи на 28 август на градскиот стадион, а влезот е слободен.

- „Joy fest“ изминава деценија докажа зошто важи за еден од најдобрите музички фестивали. На сцената продефилираа многу познати музички имиња од дома и странство, велат организаторите на фестивалот.