Саша Ковачевиќ во Куманово, Шерифовиќ во Битола...Балканските музички ѕвезди со настапи низ земјава

Голем број музички ѕвезди од регионот летово ја забавуваат македонската публика. До крајот на месецов најавени настапи на Саша Ковачевиќ, Марија Шерифовиќ и Здравко Чолиќ. 

Миленикот на женската публика овој петок настапува во ноќен клуб во Куманово. Мега популарната Марија Шерифовиќ утре ќе пее во Битола, додека Чолиќ своите безвременски хитови ќе ги пее на отворено, на градскиот стадион во Крива Паланка, на 28 август.