Видео: Немало патници во автобусот на ЈСП што се запали

Немало патници во автобусот на ЈСП - Скопје што вчера се запали во Автокоманда.

ЈСП информира дека е причинета поголема материјална штета и причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат.

- Во моментот на запалување на возилото, во него немало патници со оглед на тоа дека возилото се повлекувало во гаража Автокоманда, по завршување на смена. Благодарение на присебноста на возачот, неговата брза интервенција и интервенцијата на екипите на Противпожарна бригада на Град Скопје, опожарувањето на возилото било ставено под контрола, односно спречена е поголема материјална штета. Возилото е осигурано и очекуваме за кратко време да биде оспособено за користење, велат од ЈСП за МИА.