Вчера до полицијата стигнале три пријави за каснувања од улични кучиња во Скопје

Вчера три лица биле каснати од улични кучиња на подрачјето на Скопје. 

- На 30.01.2024 во 10.20 часот во Полициската станица Карпош, Б.С.(71) од Скопје пријавил дека на ул.„Трифун Бузев“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

- На 30.01.2024 во 11.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Б.Р.(67) од Скопје пријавила дека на ул.„Алексо Демниевски“ во Скопје била касната од куче скитник.

- На 30.01.2024 во 22.30 часот во Полициската станица Драчево Е.Џ.(49) од Скопје пријавила дека на ул.„Иван Хаџи Николов“ во Скопје била касната од куче скитник.