Утре вода ќе нема во делови од Карпош и Кисела Водa

ЈП Водовод и Канализација за 09.06.2021 (среда) известува дека:

-поради  изведување на водоводен приклучок ф-100 мм., на ул. Димо Хаџи Димов број 33, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од истата улица и корисниците од ул. Михаел Евтихи од 09:00 часот до завршување. (општина Кисела Вода);
-поради промена на затварач ф-100 мм., на Бул. Партизански Одреди број 79, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од истата улица од бр.58 до 83 од 09:00 часот до завршување. (општина Карпош);