Утре ќе биде топло, но попладнето ќе се смени времето

Времето утре ќе се задржи сончево и потопло време со мала доумерена облачност, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во петок попладне ќе има зголемување на облачноста, а наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Услови за локален дожд ќе има и во сабота, информираат од УХМР.