До петок ниски утрински температури

Врнежите што денеска ја зафатија земјава со помал интензитет ќе продолжат и преку ноќта, кога ќе завршуваат повлекувајќи се кон југ и исток. До четврток ќе дува засилен северен ветер, повремено со над 60 километри на час, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринските температури ќе бидат се пониски, а најстудено ќе е в петок наутро. Нови врнежи се очекува да започнат во текот на викендот кога ќе дува јужен ветер.