Променливо време во текот на целиот викенд

Времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во крајните западни и крајните источни делови. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува силен југозападен ветер. Кон крајот на денот поради заладување на планините врнежите ќе преминат во снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а максималната ќе достигне од 11 до 20 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува силен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 16 степени.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините со локални врнежи од снег.