„Успешно се справивме со блокадата од страна на мафијашки структури“, вели Мазнева

Директорката на „Комунална хигиена“, Косана Мазнева вели дека претпријатието функционира нормално без блокади.

Мазнева вели дека блокадите биле за да ѝ се наруши кредибилитетот на директорската позиција.

- Градската администрација и „Комунална хигиена“ успешно се справија со блокадата на нашето претпријатие од страна на мафијашки структури, кои не дозволуваа ниту еден вработен да си ги врши работните задачи, вели Мазнева.