Уличните кучиња повторно напаѓаат во Центар, Карпош и Аеродром

Скопјани имаат голем број со уличните кучиња низ градот, па секојдневно се регистрираат нови напади.

Во текот на вчерашниот ден се регистрирани дури три напади за помалку од еден час.

Најпрво во 11.45 часот во Полициската станица Центар, Ј.Ј.(51) од Скопје пријавил дека на ул.„Мајка Тереза“ бил каснат од куче скитник.

Потоа во 12.00 часот во Полициската станица Карпош, И.З.(69) од Скопје пријавил дека на кеј на реката Вардар бил каснат од куче скитник.

Во 12.40 часот во Полициската станица Аеродром, Б.С.(30) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ бил каснат од куче скитник.