Двајца скопјани со фалсификувани возачки работеле во Белгија

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривични пријави против 45-годишниот И.И. и против 33-годишниот Д.Ш., и двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа”, извести МВР.

Како што соопшти МВР, И.И. набавил фалсификувана македонска возачка дозвола за управување со моторни возила од категориите ,,А”, „В”, „F”, „G” и ,,M”, додека Д.Ш. набавил фалсификувана македонска возачка дозвола за управување со моторни возила од категориите „В”, „F”, „G” и ,,M” и ја употребиле при управување возила во Кралството Белгија.

Поради сторени сообраќајни прекршоци во Белгија, на двете лица им биле одземени дозволите и доставени до надлежните служби во државата, по што било утврдено дека се фалсификувани.