Тројца повредени со судир помеѓу товарно возило и автомобил

Вчера до СВР Струмица било пријавено дека се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат“ и патничко возило „шевролет“ каде со тешки телесни повреди се здобил возачот на товарното возило додека патниците на автомобилот се здобиле со полесни повреди.

„На 12.04.2024 во 16.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на крстосницата од улиците „Климент Охридски“ и „Братство - Единство“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет“, управувано од В.Б.(77) од Струмица и товарно возило „фиат“, управувано од К.Л.(45) од Струмица, двете со струмички регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на товарното возило К.Л., а со телесни повреди се здобиле возачот В.Б. и сопатникот во патничкото возило Г.Б.(75), констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица“.