Тешка сообраќајка во Охрид: Излета пежо, има повредени

Денеска (25.11.2023) во 00.30 часот, било пријавено дека на улицата „15-ти Корпус“ во Охрид, патничко моторно возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од лице(40) од охридското село Лескоец, излетало од патот.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник во возилото, а со телесни повреди сопатник (26) од охридското село Косел, констатирани во болницата „Св.Еразмо“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.