Охриѓанец се забил во паркирано возило на Стража, починал на лице место, а други три лица се здобиле со повреди

Уште една сообраќајна несреќа со смртни последици се случи денес на магистралниот пат Гостивар-Кичево на превојот Стража.

Од СВР Тетово известуваат дека околу 12 часот до нив стигнало пријава дека на овој магистрален пат, автомобил „фолксваген шаран“ со охридски регистарски ознаки удрил во паркирано моторно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на ЈП „Македонија пат“.

Возачот на „шаранот“ Б.Н. (49) од Охрид починал на самото место, а три лица – странски државјани од Англија и Суринам (Јужна Америка) се здобиле со повреди. Повредените набрзо се пренесени за укажување на лекарска помош во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“.

На местото на несреќата увид вршат јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.