74-годишен велосипедисит прегазен од млад возач во Охрид

74-годишен велосипедист е тешко повреден во сообраќајка во Охрид. 

Како што информираа од МВР, вчера околу 14.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Питу Гули“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед управуван од Ј.Д.(74) од Охрид и патничко возило „хјундаи “ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(28) од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид, известија од полицијата.