Повредени осум лица во сообраќајка во која учествувал и џип на МВР

Вчера во 17:40 часот било пријавено дека на се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(62) од с.Арачиново-скопско, и возило „дачиа дастер“, сопственост на МВР, управувано од О.С.(43) од с.Облавце-кумановско на регионалниот пат Куманово-Граничен премин Белановце, атар на село Белановце.

Од ударот помеѓу двете возила со повреди се здобил возачот на џипот О.С. но и возачот на мерцедесот А.Б. Покрај овие двајца со повреди се здобиле уште тројца полицајци кои се возеле во “дачиата“ и уште три сопатнички од другото возило.

Повредите на учесниците во сообраќајната несреќа им биле констатирани во Општата болница во Куманово а на местото на настанот бил направен увид од екипа од СВР Куманово се вели во соопштението на МВР.