Трите најздрави есенски намирници

Во лето имаме голем избор на свежо овошје и зеленчук, но тој избор не изостанува ниту во есен, кога можете да уживате во прекрасните вкусови и да го засилите својот имунитет пред зимата. 

Со помош на следниве три намирници можете да подготвувате најразлични оброци, прилози, десерти, или пак да ги јадете свежи или соодветно подготвени:

Тиква

Бета-каротенот е важен антиоксидант, кој помага во превенција од рак, но штити и од срцеви заболувања и нарушувања на мускулите ткива. Исто така, содржи и растителни влакна кои се особено корисни за цревата.

Јаболка

Ова е овошје кое го има речиси во секоја сезона, но есенските се посебни со својот вкус. Без разлика дали ќе изберете црвени, жолти или зелени јаболка, со сигурност внесувате растителни влакна, витамини, антиоксиданти, полифеноли и други хранливи состојки, кои ве штитат од оксидативен стрес. 

Цимет

Ова е всушност зачин кој го имаме преку целата година, но во есен го користиме за десертите со јаболка и тиква, но и како додаток во чај или кафе. Одамна е докажано дека циметот помага во борбата со инсулинска резистенција и преддијабетна состојба. Секако, може да го консумираат и оние кои воопшто немаат никакви здравствени проблеми.