Ладната вода од фрижидер нема да ве разлади на горештините

Пиењето изладени пијалаци, во кои имате додадено и мраз, се чини како добро решение за овие летни горештини. 

Но, вистината е сосема поинаква. Иако ви доаѓа да испиете чаша многу студена вода, обидете се таа да биде нешто поладна од собната температура. Ладната вода го лади телото и тоа испраќа сигнал дека му е студено и ја активира терморегулацијата, односно природното загревање. Поради тоа, наместо да ви е поладно, добивате впечаток како да не можете да се изладите. 

Од друга страна пак, водата која е приближно на собна температура нема да предизвика таква реакција, со што ќе спречите прекумерно потење и дехидрирање, кога хидратацијата ви е најпотребна.

Затоа, не посегнувајте веднаш по шишето од фрижидерот, особено не ако штотуку сте се вратиле дома и се уште се потите.