Постојат моменти во текот на зимата кога топлото чоколадо може да ни помогне да се стоплиме, но и да се подготвиме за спиење, заборавајќи на сите грижи, проблеми и одговорности од целиот ден кој е позади нас.
Потребни состојки за 2 лица:
2 чаши млеко
2-3 лажици чисто какао или од кесичка за топло чоколадо
Кафен шеќер
30 мл виски
Начин на подготовка:
Стоплете го млекото во тенџерче. Додадете го какаото и мешајте додека не се истопи. Убаво мешајте додека не е готово. На крајот додадете малку кафен шеќер за вкус.
На крајот, додајте го и вискито. По потреба, декорирајте со шлаг и малку рендано или течно чоколадо.