11-годишно момче од Скопје завршило во охридската болница

Момче од Скопје завршило со повреди во охридската болница, откако се лизнало од справи за вежбање. 

Вчера во 11.30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во Општата болница во Охрид, било донесено 11 годишно момче од Скопје.

Тоа било донесено со болки во стомакот и градите кај кого, по преземени мерки биле констатирани скршеници на ребра и други повреди.

По извршени активности, било констатирано дека, малолетникот се лизнал и паднал од справи за вежбање.