Маж загина во тешка сообраќајка, со трактор се превртел на патот во Кочанско

Вчера во 13.29 часот во СВР Штип било пријавено дека на локалниот пат с.Зрновци–с.Мородвис, кочанско, на коловозот се превртел трактор управуван од Е.А.(76) од Охрид, а со престој во с.Мородвис.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кочани.