Тешка сообраќајка кај езерото „Младост“, повредени се три лица

Едно лице е тешко повредено, други две полесно во сообраќајна несреќа што се случила на пат кај езерото „Младост во Велес. 

- На 22.05.2024 во 18.15 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес - езеро „Младост“, во близина на крстосницата кај село Башино село, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа мито“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А.(23) од Скопје и патничко возило „опел корса“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.М.(31) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.М., додека другиот возач И.А. и неговата сопатничка М.Б.(25) од село Водоврати, општина Градско, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес, соопштија од полицијата во дневниот билтен. 

По овластување на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.