Во последно време во светот хит стануваат вежбите кои траат 4 минути. Нивното име е табата и се одлични за оние луѓе кои се зафатени и немаат премногу време, а сакаат да изгледаат добро.
Табата сепак е повеќе начин на вежбање, отколку вежба.
За дваесет секунди силен тренинг, со одмори од 10 секунди, со помош на овој вид на вежбање можете да согорите многу калории, за само 4 минути. Откриени се од страна на докторот Изуми Табата, а според оваа пракса вежбаат многу спортисти.
Тие помагаат за :
Ослободување од стресот
Намалување на крвниот притисок
Намалување на вишокот килограми
Дефинирање на мускулите во телото.