Движењето значи живот: Редовното пешачење ни го продолжува животот

Ајнштајн вели дека животот е како возење велосипед – ако не сакаме да паднеме, треба постојано да се движиме.

Photo by Sincerely Media on Unsplash

Па така и недостатокот на физичка активност во комбинација со хроничниот стрес и лошата исхрана е еден од главните причини за развивање на болести. Голем дел од луѓето се неактивни, се хранат лошо и потоа се прашуваат што згрешиле ако се соочат со пад на имунитетот и некаква болест. Но, треба да знаеме дека имаме голема одговорност кон своето здравје. 

Според дефиницијата за седентарниот (пасивниот) начин на живот, помалку од 5000 чекори дневно се сметаат за пасивност. Споредете го ова со вашиот стил на живот и размислете колку пешачите. 

Здравствените ефекти од одењето се големи, а физичката активност помага за намалување на воспаленијата во нашето тело, како што се алергиите, депресијата и карциномот. Во многу студии е докажано дека 20 минути дневно се доволни за му помогнеме на телото, а и на умот да бидат во подобра состојба. Возраста воопшто не е важна, важно е да се најде време за тоа. Но, за да има ефект, важно е тоа да се редовно. На тој начин, си помагаме за намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања, намалување на крвниот притисок, но и подобрување на расположението. 

Физичката активност го забавува и стареењето. Тоа го подобрува и сонот, ги намалува главоболките и придонесува за подобрување на когнитивените функции. Голем број фактори влијаат на должината на животот, но некои истражувања покажуваат дека редовното пешачање има потенцијал да ни го продолжи животот.