Овие десет правила ќе ви помогнат да живеете здраво, среќно и долго и секој може да се придржува до нив.
Не пушете
И една цигара е премногу. Пушењето е најлошата работа која можете да му ја направите на вашето здравје. Пушењето е една од најголемите причини за смрт во светот, а сепак предизвикувач на смрт кој најлесно може да се спречи – сѐ што треба да се направи е да се престане со пушење.
Не се сончајте во солариум
Кај луѓето кои се сончаат во солариум постои два и пол пати поголем ризик да заболат од малиген рак на кожата. Освен тоа, солариумот го забрзува стареењето на кожата и појавата на брчки. Кога се сончате на сонце, секогаш мачкајте ја кожата со сретства со заштитен фактор.
Јадете чоколадо – умерено
Можете да јадете што ќе посакате, но под услов да јадете умерено. Чоколадото или сладоледот ќе ви бидат многу повкусни доколку ги јадете еднаш неделно, отколку ако ги јадете секој ден.
Контролирајте ги холестеролот и шеќерот во крвта
Секогаш бидете запознаени со основните бројки важни за вашето здравје. Тоа значи редовно да го контролирате нивото на холестерол и на шеќер во крвта. Ако водите сметка за тие бројки, полесно ќе знаете во каква состојба е вашиот организам и ќе знаете дали треба да воведете промени во однос на исхраната и на физичката активност.
Движете се редовно
Тренерите и стручните лица препорачуваат по 30 минути вежби за тело 5 дена во неделата. Тоа не значи дека тренингот секогаш треба да биде интензивен. И пешачењето со побрзи чекори позитивно ќе влијае на вашето физичко и психичко здравје, најпрво на здравјето на срцето.
Запознајте се со историјата на болести во вашата фамилија
Водете сметка за болестите кои постоеле во вашата фамилија, првенствено сериозните болести како што се болести на срцето, рак, мозочен удар, дијабетес и слично. Познавањето на фамилијарната историја на болести ќе ви помогне да обратите поголемо внимание на одредени можни здравствени разлики.
Пијте зелен чај
Зелениот чај е богат со антиоксиданси, важни за здравјето на целиот организам, а помага и за слабеење. Секој ден наградете го својот организам со еден или два филџани зелен чај.
Не пијте газирани пијалоци
Ако никако не можете да ја решите потребата за газирано, земете диетален газиран пијалок. Регуларните газирани пијалоци се полни со калории и со шеќери поради што и дебелеат, а чувството дека ви ја гасат жедта е само привремено. Колку повеќе газирани пијалоци пиете, толку ќе имате потреба за повеќе.
Правете редовни лекарски контроли
Годишен пап тест и преглед на градите се многу важни прегледи за жените од секоја возраст.
Преглед на простата е најважен на мажите од секоја возраст.
Избегнувајте бели јаглехидрати
Колку што е тањирот пошарен, тоа е подобро. Храната со зелена, црвена, жолта боја е секогаш добредојдена, а јаглехидратите не мора во потполност да ги исфрлите. Само изберете поздрава опција, белиот ориз, белиот леб и белите тестенини, кои немаат скоро никаква хранлива вредност, заменете ги со оние од цело зрно и со јаглехидрати кои не дебелеат.