Болестите можат да имаат чисто физиолошка основа, но во повеќето случаи постојат и психолошки и енергетски причини.
Photo by Towfiqu barbhuiya on Unsplash
Болеста е начин на комуникација на телото со умот. Често, таа е показател дека човекот не е во хармонија со себе и со светот околу него.
Исцрпеност и замор
Најчест проблем е екстремниот замор. Повеќето луѓе се чувствуваат лошо и имаат здравствени проблеми поради фактот што не знаат или не можат нормално да се одморат. Ако човек не остави време за работи кои му носат задоволство, тој почнува да се разболува. Затоа, никогаш не треба да забораваме на одморот.
Недостаток на љубов
Ако човек не добие грижа и нежност од партнерот или саканите, неговото тело се разболува. Кога некој е болен, тогаш ја добива сета топлина и внимание, но тоа не треба да е така само кога личноста е болна. Сите ја сакаат оваа топлина и внимание, затоа потрудете се да им го подарите тоа на вашите најблиски за поретко да се разболуваат.
Незадоволство, комплекси, стравови
Ако некој е повреден од зборовите и постапките на другите, тој има проблеми со срцето. Болката во грбот може да се појави кај оние кои се плашат да побараат помош во тешки времиња. Од болест страдаат и луѓето кои постојано живеат со чувство на страв. Комплексите носат и лошо здравје.
Чувство на вина
На пример, ќерката им викала на родителите и затоа се чувствува виновна. Почнуваат да ја болат главата и зглобовите. Маж ја навредил сопругата, но многу му е жал поради тоа - и можеби има слични симптоми. Вината, без разлика на нејзината природа, има многу деструктивно влијание врз расположението, енергијата и здравјето воопшто.