Совршени виенски шницли

Уживајте во вкусот на познатите Виенски шницли во удобноста на вашиот дом со овој брз и лесен рецепт за нивна подготовка. Направете си вкусна гозба и за миг отпатувајте во некој елитен ресторан во австриската престолнина. Послужете ги со парчиња лимон, помфрит или компир салта и препуштете му се на уживањето.

За некои вкусни јадења не ви се потребни огромни кулинарски способности, туку само проверен рецепт, точни насоки за подготовка и вкусни парчиња месо со проверен квалитет. Ние се погриживме да го најдеме оригиналниот рецепт за Виенски шницли, а на вас останува да изберете со какво месо ќе ги приготвите. Виенските шницли традиционално се приготвуваат со телешко месо, но има варијации со свинско и пилешко месо. А тајната на највкусните специјалитети се крие во подготовката со свежи намирници.

Состојки:

  • 4 големи (по 140-150 г) свежи свински шницли од Агриа
  • ¼ чаша брашно
  • ½ чаша лебни трошки
  • ½ лажичка сол
  • 2 јајца
  • масло или свинска маст (традиционално се користи за подготовка) по желба.

Подготовка:

  1. Најпрво шницлите благо исчукајте ги со чекан за месо. Треба да добиете парчиња месо со дебелина од 4-6 мм.
  2. Јајцата изматете ги со жица за матење и посолете ги.
  3. Во три различни садови ставете ги јајцата, брашното и лебните трошки. Секоја шницла извалајте ја најпрво во садот со брашно, па потопете ја во изматените јајца. На крај кратко извалајте ги во лебните трошки. При тоа не ги притискајте со прсти, бидејќи на тој начин може да ја оштетите обвивката на шницлата.
  4. Во тава на оган ставете поголема количина на масло да се загрева.
  5. Похуваните шницли ставете ги во загреаното масло и пржете ги околу 3-4 минути од секоја страна или додека поруменат. Повремено затресете ја тавата со цел да не се залепат. При тоа не ги боцкајте со виљушка и вадете ги со специјална фаќалка за да не го оштетите површинскиот слој на шницлите.
  6. Вака подготвените шницли извадете ги врз хартиена салфетка за да се впие вишокот на масло.
  7. Виенските шницли традиционално се служат со парчиња лимон и зелена салата, или пак салата од компири или краставици. А по желба може да ги послужите со пржени компири. На здравје!