Скопје е град на загадување, лош јавен превоз, немање на зелени површини, и коруција на градската администрација, истражување

Eвропската унија направила истражување каде биле земени параметрите на 83 градови низ Европа. Во ова истражување Скопје е град што е сместен буквално на дното според клучните параметри за живот.

Извештајот почнува со една интересна статистика. Скопје иако е помеѓу десете најлоши градови во Европа за живот според параметрите на ЕУ, сепак процентот на граѓани кои се изјасниле дека се задоволни од животот во главниот град не е мал. Дури 72 % кажале дека им е убаво живеењето во Скоpje

 

Понатаму е начната и темата колку граѓаните сметаат дека квалитетот на животот им се променил на подобро во последниве пет години.Tука сме убедливи шампиони, ама на дното. Дури 13 % кажале дека животот им се подобрил, а останатите се изјасниле дека ништо не мрднало од мртва точка. Нешто слично е и со податоците околу тоа дали Скопје како град е погоден за фамилии со мали деца. И тука сме на самото дно. Полош од нас е само Рим.

Сепак во ова истражување не сме во се лоши. Се наоѓаме на самиот врв по тоа колку ги користиме нашите возила. Во оваа категорија се наоѓаме во првите три места. Пред нас се Брага( Португалија) и Рејкјавик( Исланд). Од тука е разбирливо што категоријата на користење на возила е голема тогаш категоријата на користење на јавниот превоз не сместува пак во групата на 10-те земји кои најмалку го користат јавниот превоз. Дури 28 % кажале дека се возат со јавен превоз. Од околните земји на нас ни прават друштво Подгорица и Тирана.

Околу задоволството за тоа како ни се одвива јавниот превоз пак сме помеѓу најлошите држави во ова истражување. Дури 47% од анкетираните кажале дека се задоволни со јавниот превоз. Интересното тука е што помеѓу топ четирите градови со најлош јавен превоз дури три се од Италија-Палермо, Рим и Неапол.

Околку културните настани и тука повторно сме помеѓу најлошите градови. Дури 56 % се изјасниле дека Скопје нема добри културни градби со кои би ја промовирале и подржале културата во главниот град. Истото се однесува и за зелените површини. Бројката на оние кои се изјасниле дека се задоволни од зелените површини во главниот град според истржувањето е трагична. Ние сме на четврото место ама на дното за тоа колку од нашите граѓани се задоволни со зелените површини. Бројата на задоволните изнесува 36 %. Истражувањето кажува дека зелените површини се клучен фактор од тоа дали граѓаните ќе бидат среќни во градот каде што живеат. Тоа помага при социјална интеракција, повеќе спортување па дури и го намалува степенот на осаменост. Да не зборуваме дека во летните периоди спречува преголема жештина и го намалува степенот на загаденост.

И сега доаѓаме до најинтересниот дел а тоа е загадувањето.Во ова истражување се вели дека загадувањето е еден од најголемите фактори на болести и на смрт насекаде низ Европа. Тука во оваа категорија сме убедливи шампиони. Никој од овие градови што се земени како пример ги нема резултатите како што ги има Скопје. Само 12 % од оние кои ги испитале кажале дека се задоволни од воздухот во главниот град. Тука како најлоши градови ни прават друштво Букурешт( Романија) и Краков( Полска).

Во самото дно и сме во чистотата. Тука 23 % се изјасниле дека се задоволни од чистотата во Скопје што не става на четвртото место при самото дно. Истражувањето не ја одмина ниту администрацијата која го опслужува Скопје. На прашањето колку време и е потребно на администрацијата да реши некој проблем со кој се соочуваат граѓаните тука сме повторно на самото дно. Пред нас се повторно градовите од Италија- Палермо, Рим и Неапол. Секако дека ако градската администрација е неефикасна во нејзината работа тука се покренува и прашањето околу корупцијата. Така по овој параметар сме помеѓу водачката тројка на оваа листа. Пред нас е Белград кој е на прво место, а веднаш потоа следува Загреб.