Скопјанка си ги натепа децата, па заврши во полициска станица

34-годишна скопјанка заврши во полициска станица, откако синоќа си ги натепала децата.

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека насилството се случило во домот каде што престојувале.

-На 8 мај во 22.10 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Б.И.(34). Таа се сомничи дека во домот каде што престојуваат физички ги нападнала своите две малолетни деца. Б.И. била задржана во полициска станица,а децата биле згржени од Центарот за социјални работи, информираат од МВР.