Скопјанка нападната пред угостителски објект

19-годишна скопјанка била нападната пред угостителски објект од едно лице.

Како што информира МВР, на 16.07.2023 во 02.40 часот во СВР Скопје, 19-годишна скопјанка пријавила дека околу 02.00 часот во с.Марино, скопско, во близина на угостителски објект, била физички нападната од И.Б.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.