Полицијата трага по 18-годишна девојка - исчезната во Драчево

18-годишна скопјанка се оддалечила од својот дом во скопската населба Драчево, полицијата презема мерки за нејзино пронаоѓање. 

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 21.20 часот во Полициската станица Драчево, З.А.(42) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка Л.А.(18) од Скопје.

Полицијата презема мерки за нејзино пронаоѓа и расчистување на случајот.