Скопјанец тешко повреден на работното место

57-годишник од Скопје завршил во болница откако се повредил на работното место. 

- На 16.01.2024 во 11.57 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен В.С.(57) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во фирма во село Петровец, скопско, соопштија од полицијата. 

Полициски службеници излегле на местото и за настанот бил известен трудов инспектор.