19-годишник од Скопје донесен во Градска болница со повреди

Млад скопјанец вчера бил донесен во една скопска болница со повреди на телото. 

- На 27.03.2024 во 17.00 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Е.Л.(19) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на работни задачи во фирма на подрачјето на с.Петровец, скопско, соопшти полицијата во дневниот билтен. 

За настанот бил известен трудов инспектор.