Работник од Велес со тешки повреди итно префрлен на Клиниката во Скопје

Од СВР Велес известуваат дека вчера кај нив било пријавено дека со тешки телесни повреди се здобил 55 годишниот Г.В. Тој се здобил со повредите околу 15.30 часот при извршување работни задачи во фирма во Велес при што увид на местото извршила увидна полициска екипа, информираат од СВР Велес.

Како што информира за МИА, Марина Андова портпарол на ЈЗУ Општа болница, вчера попладне на Хирушкото одделение на болницата бил примен повредениот работник на кого му била укажана лекарска помош, по што бил испратен на Одделот радиодијагностика. Тој со резултатите бил испратен на хирург кој му укажал медицинска помош.

Поради специфичноста на повредите по два часа со возило со итна медицинска помош на велешката болница бил препратен на понатамошно лекување на Клиниката за трауматологија во Скопје.