Скопјанец пронајден починат пред неговата гаража

Вчера во 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред неговата гаража на подрачје на Кисела Вода бил пронајден починат Љ.С.(65) од Скопје.

Веднаш била повикана Итната медицинска помош каде лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.