Шилегов: Само како идеја, почитувани (фото)

Последниве недели сме сведоци на ѓубрето кое го прават студентите во своите студентски живеалишта, но дали само тие загадуваат или тоа го прави секој несовесен поединец…

Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје, на својот Фејсбук профил постави прашање околу ѓубрето кое безмислосно се „трупа“ во градот.

„Само како идеа, почитувани. Веројано пијалокот сте го донеле во некаква кеса. Истата сте можеле да ја употребите и да го однесете ѓубрето до најблискиот контејнер. Но, ете, не сте го направиле тоа. Го средија службите. Сепак, мислам дека не е лошо понекогаш тоа и самите да го направите. На истата маса и столчиња, некој наш сограѓанин (а можеби и вие истите) ќе посака да седне. За нашиот заеднички град се работи“.