Смаиловиќ згрозена: Ги влечат зелените канти до контејнер и ги истураат на земја

Активистката Мерсиха Смаиловиќ сподели фотографија која ја згрозила, а која, мора да признаеме, не е ретка слика во главниот град. 

„Со каква леснотија ги влечат зелените канти до контињерот - ги истураат на земја, оти да се мачат да ја кренат кантата високо.
И кога ќе им кажеш, ќе си добиеш игноре или сочна пцовка...“, пишува таа.

Во повеќе наврати сме пишувале за овој проблем, но сепак, нивото на свесност останува исто, без нималку да се подобри.