Сексуалните работнички со традиционален марш во Скопје

Традиционално денес по 16-ти пат со црвени чадори се одржа маршот за правата на сексуалните работници. Маршот започна на платото пред спомен куќата на Мајка Тереза на ул. „Македонија” и заврши на плоштадот „Филип Втори”

Бараат поголеми права и притоа оваа година го одбележуваат денот каде во 2008 година 23 сексуални работнички без објаснување биле уапсени а нивните ликови се нашле во јавноста

https://adsdms.mk/www/delivery/lg.php?bannerid=0&campaignid=0&zoneid=25&loc=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Ffotovideo-tradicionalen-marsh-na-seksualnite-rabotnici-vo-skopje-so-crveni-chadori-odbelezhaa-5353-denovi-do-pravda%2F&cb=d2ec60ce02- “Она што е поразлично од претходните години е што оваа година одбележуваме 5353 денови до правда. Оваа година сексуалните работнички конечно остварија правда поради прекршување на нивните права од страна на институциите. На 20 ноември 2008 година 23 сексуални работнички без никакво објаснување беа спроведени во полициска станица Бит Пазар кадешто беа држени цела вечер”, рече Хајди Штерјова Симоновиќ, извршна директорка на ХОПС.

Според Штерјова од 23 жени само 13 биле храбри да поднесат тужба против МВР при што по судската голгота што ја преживеале овде, Европскиот суд за човекови права конечно пресудил во нивна корист. Со таа пресуда кочено се докажало дека сите се еднакви пред законот и уставот во Македонија.