Се реконструира отворениот канал за атмосферски води во Стајковци

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски изврши увид во реконструкцијата на отворениот канал за атмосферски води во Стајковци. Според него ова е првата фаза и опфаќа реконструкција на 430 метра во каналот, а целиот проект вкупно чини над 10 милиони денари пари издвоени од буџетот на општината.

„Утрово направивме увид во градежните работи за реконструкција на отворениот канал за атмосферските води на улицата Антон Велковски во Стајковци. Ова е реализација на првата фаза од проектот и истата опфаќа реконструкција на 430 метри од каналот.

Вредноста на проектот изнесува 10.100.000 денари, средства обезбедени од буџетот на општина Гази Баба. Со реализацијата на проектот ќе се направи регулација на атмосферските води со што ќе се спречат можните последици од обилни врнежи на дожд. Овој проект решава уште еден децениски проблем на жителите од Стајковци“ напиша Стефковски.