Стефковски: Гази Баба создава дела за своите најмлади жители

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски објави дека ООУ Григор Прличев во Железара доби нови детско катче со најсовремени реквизити за деца.

„Го пуштивме во употреба новото детско катче кое се изгради во дворот на општинското основно училиште Григор Прличев во Железара. Катчето за детска забава е опремено со најсовремени реквизити поставени на гумена подлога. Претходно, катче за детска забава се направи и во дворот на ООУ Стив Наумов во Автокоманда и во дворот на детската градинка 25 Мај, клонот Морковче во Јурумлери. Овој тренд на изградба на катчиња за детска забава ќе продолжи и во следниот период“ напиша Стефковски.