Се чисти кејот на Вардар на овој потег

Град Скопје отпочна акција за чистење и уредување на кејот на Вардар на потег од општина Гази Баба и Аеродром до Ѓорче Петров. Акцијата здружено ја реализираат тимови од ЈП Комунална хигиена, Паркови и зеленило, Улици и патишта, Водовод и канализација и Лајка.

-Посветено работиме на зелените површини и местата за рекреација во градот, а воедно го најавуваме новиот проект за кејот на Вардар, со нови рекреативни содржини и подигнување нови зелени површини, садење нови дрвја со што делуваме кон почиста животна средина и создавање соодветно место за рекреација на жителите на град Скопје, порачаа надлежните од Град Скопје.