Саниран мостот во Визбегово кој беше небезбеден

Од Центарот за управување со кризи денеска изразија благодарност до Град Скопје за брзата реакција и отстранување на потенцијалната опасност по граѓаните од парчињата бетонски плочи што висеа од мостот надвозник кај Визбегово. 

Од ЦУК во саботата побараа надлежните да направат санација со цел да се спрчеи потенцијалната опасност.