Ако руската салата подготвена на класичен начин ви е здодевна, направете варијација со состојки кои добро се комбинираат заедно.
Состојки:
500 гр ситни макарони
2 конзерви туна на парчиња
6 кисели краставички
150 гр пченка од конзерва
300 мл кисела павлака
150 гр мајонез
Зачини
Подготовка:
Сварете ги макароните и исцедете ги добро и оставете целосно да се изладат. Туната исцедете ја од течноста. Истото направете го и со пченката, а и откако ќе ги исецкате краставичките, притиснете ги за да истече вишокот течност.
Врз макароните додајте ги сите состојки, па потоа и павлаката и мајонезот. Според вкусот, можете да ја зголемите количината на мајонез, но треба да скратите на павлака во тој случај.
Зачинете и добро измешајте.